Времето денеска ќе биде прoменливо облачно и нестабилно, особено во попладневните часови на повеќе места со пороен дожд и грмежи.

Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена. УВ индексот ќе биде 5.

Во Скопје, променливо облачно, попладне со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 28 степени.

И во следните денови подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на влажен и нестабилен воздушен бран, што ќе услови променливо облачно, посвежо и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално, претежно во попладневните часови, ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.