Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 12 до 20 степени.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 16 степени.

И во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно и релативно топло време со дневни температури кои на повеќе места ќе бидат над просекот за овој период од годината. Утре ќе има преодно зголемување на облачноста, со умерен до засилен ветер од северозападен правец и со благ пад на дневните температури. Поголемо наоблачување се очекува и на крајот од работната недела.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.