Времето денеска ќе биде променливо облачно и многу студено. На повеќе места ќе дува силен ветер од северен правец (над 70 км/час). Наместа во северните подрачја и на планините ќе провејува слаб снег. Температурата ќе биде од -12 до 3 степени Целзиусови.

Во Скопје променливо облачно и многу студено, во делови од котлината претпладне ќе провејува слаб снег. Ќе дува силен северен ветер. Температурата ќе биде од -5 до 2 степена Целзиусови.

Во текот на утрешниот ден ќе владее променливо облачно време со сончеви периоди и многу студено. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.