УХМР соопшти дека продолжува периодот на стабилно, сончево и топло време. Утре ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Во деновите од викендот во утринските и претпладневните часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност. Утринските температури на места ќе се спуштат под нулата, а дневните ќе бидат над просекот за овој период од годината. Топлото време ќе предизвика натамошно топење на снежната покривка на планините.

Утре минималната утринска температура ќе се движи од -3 до 3 степени, а максималната дневна ќе достигне 20 степени.

Во четврток дневната температура ќе биде максимум 19 степени,а во петок и сабота 20. Во недела ќе има постепено намалување, на 16 степени, додека за понеделник се прогнозираат максимални 14 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.