Според најновите анализи na Славчо Поповски, февруари ќе биде потопол од вообичаено и тоа за 2-3 степени, но и врнежите ќе бидат нешто над просекот.

Првите денови од февруари, под влијание на изразено јужно и југозападно воздушно струење ќе имаме невообичаено високи температури на воздухот кои ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени. Јужните струи ќе донесат и песок од Сахара, што ќе услови атмосферата да биде заматена.

Високите температури на воздухот ќе условат значително и брзо топење на снежната покривка.

Сепак, покрај оваа долгорочна анализа на времето, не се исклучува можноста и понатаму да имаме продори на многу студен воздух од северот и од североистокот на европскиот континент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.