– Како што претходно кажавме и најавивме, утре и во петок во текот на денот времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со умерена облачност. Утре ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец, особено долж Повардарието, каде повремено ќе засилува на интензитет. Наутро температурите сѐ уште ќе бидат многу ниски и понекаде ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека максималните ќе бидат повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски

И во Скопскиот регион во текот на следните денови времето ќе биде сончево, повремено со умерена облачност, додека во петок навечер, како и за време на викендот ќе има повеќе облачност и ќе има услови за повремени локални слаби врнежо претежно од снег. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -8 до -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 6 степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.