Ривалите на ВатсАп добија огромен поттик откако апликацијата за пораки објави дека ќе ги натера корисниците да споделат некои лични податоци со нејзината матична компанија Фејсбук.

ВатсАп им соопшти на корисниците дека ќе мораат да се согласат да им дозволат на Фејсбук и неговите подружници да собираат податоци на ВатсАп – вклучително и телефонски броеви и локации – пред 8 февруари или да го изгубат пристапот до апликацијата. ВатсАп оттогаш појасни дека ова влијае на корисниците само надвор од Европската унија и Велика Британија и рече дека промената „не влијае на приватноста на вашите пораки со пријателите или семејството на кој било начин“, објави Бизнис инсајдер.

Податоците на фирмата за анализирање апликации Сенсор Тауер покажуваат дека Сигнал, забележа огромен пораст на корисничките броеви по објавата на ВатсАп.

Од 6 јануари до 10 јануари, Сигнал забележа приближно 7,5 милиони симнувања на глобално ниво од целата АпСтор и Гугл Плеј, изјави претставник на Сенсор Тауер за Инсајдер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.