Времето денеска ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура се движи од 10 до 18, а максималната ќе достигнува од 28 до 35 степени Целзиусови.

Во Скопје сончево со слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 32 степена Целзиусови.

И во текот на следните денови ќе продолжи периодот на стабилно, суво и сончево време, повремено со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец, додека максималните дневни температури ќе бидат над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени Целзиусови.

Во Скопје и околината времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Максималната дневна температура и во следните денови ќе се искачува до околу 31 степен Целзиусов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.