Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови ќе има услови за појава на изолирана нестабилност со појава на краткотраен пороен дожд.

Утринската температура ќе се движи од 9 до 19 степени, а дневната од 23 до 33 степени.

Во Скопје и околината утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната температура до 31 степен.

Од утре ќе има повеќе сончево време и ќе следува период на стабилно и релативно топло време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.