Времето ќе биде променливо облачно, претпладне со сончеви периоди, особено на истокот. Од попладневните часови на запад ќе почнат врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во текот на ноќта и ќе се прошират насекаде. На повисоките планини, врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а од пладне повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Утринските температури се движат од минус 6 до 0 степени, а дневните ќе бидат во интервал од 4 до 12 степени Целзиусови.

Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура се спушти до -2, а максималната ќе достигне 10 степени Целзиусови.

Од УХМР информираат дека до недела следува период на променливо облачно време со повремени врнежи, кои пообилни ќе бидат во сабота кога на места ќе наврнат и над 20 л/м2. На планините, врнежите ќе бидат од снег каде дополнително ќе се зголеми снежната покривка, а врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.