Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Во источните делови на места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Во западните делови ќе дува слаб до умерен западен ветер.

Минималната температура е во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен Целзиусов.

Во Скопје претпладне облачно со врнежи од дожд, попладне променливо облачно. Минималната температура се спушти до 9, а максималната ќе достигне 19 степени Целзиусови.

Во следните денови се очекува период на претежно стабилно време, освен во среда кога во јужните делови ќе има услови за локален дожд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.