Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, во западните делови умерен ветер од западен правец. Попладне и кон крајот на денот ќе има локално наоблачување со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Минималната температура e во интервал од 2 до 7, а максималната ќе биде од 18 до 23 степени Целзиусови.

Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, а попладне облачноста ќе се зголеми и во делови од котлината ќе има пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималната температура се спушти до 5, а максималната ќе достигне 21 степен Целзиусов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.