Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

УВ индексот ќе биде 8.

Утринската температура се движи од 13 до 20 степени, а дневната од 25 до 36 степени Целзиусови.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло, а попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 32 степени Целзиусови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.