Поради поврзување од старата водоводна мрежа на нова кај крстосницата на улиците „Димо Хаџи Димов“ и „Антон Попов“ во населбата Кисела Вода, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците на двете улици.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје според информациите добиени од ЈП „Водовод и канализација“, водоснабдувањето ќе биде во прекин од 8 часот, па се до завршување на интервенцијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.