Времето денеска ќе биде сончево со мала, а на југоистокот со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

Во Скопје сончево со мала облачност и слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 23 степени.

И во наредните денови, до сабота, ќе продолжи периодот на стабилно време, со постепено опаѓање на дневната тепература. Утринската температура за време на викендот наместа ќе се спушти под нулата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.