Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од Авто мото сојузот (АМСМ).

На граничните премини задржувањeто е во интервал од 15 до 30 минути за излез од државата.

Најфреквентен вчера и денеска е преминот „Богородица“ кај Гевгелија каде што се чека до половина час за излез од Македонија кон Грција.

Продолжениот викенд, голем број граѓани одлучија да го минат во Грција што е причина за гужвите на граничните премини кон оваа земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.