Времето претпладне ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намалува.

Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено изразен долж Повардарието и во Пелагонија, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура се движи од 8 до 17 степени Целзиусови, а дневната ќе биде во интервал од 13 до 21 степен Целзиусов.

Во Скопје и околината времето претпладне ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои попладне ќе престанат, а облачноста ќе се намалува.

Утринската температура достигна до 14 степени, а дневната ќе се искачи до 18 степени Целзиусови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.