Самиот почеток на октомври го одбележува натпросечно топло, стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност, но не за долго, бидејќи веќе од утре облачноста, особено попладнето, ќе започне умерено да се зголемува и ќе има услови за сосема слаб локален дожд и за ретки грмежи.

Ќе започне да дува умерен ветер од јужен и од југоисточен правец кој на некои места особено Долж Повардарието и на исток ќе засилува на интензитет. Поизначителна промена на времето ќе имаме во четврток попладне и навечер како и во текот на ноќта кон петок но и во петок кога ќе имаме врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Не се исклучува можноста и за сосема ретка појава на град.

Локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 л/м2). Како ќе поминува Кармен над регионот и иститата ќе биде придружена со значително постуден воздух од север ќе се создадат услови на планинските места и за локално провејување на снег, а според моменталната состојба на прогностичките модели има услови и за формирање на тенка снежна покривка. Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен и од североисточен правец.

Максималните дневни температури на воздухот кај нас ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени меѓутоа многу посвежо ќе биде во петок кога максимумот на температурите ќе се искачува во интервалот од 14 до 21 степен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.