Поради најавен настан во организација на политичка партија, кој треба да се одржи во сабота (18.06) во Скопје, денеска од 17.00 часот до завршување на настанот, ќе биде затворен сообраќајот од крстосницата на бул.„Гоце Делчев“ со бул.„Илинден“ до крстосница на бул.„Илинден“ со бул.„Св.Климент Охридски“, а на околните сообраќајници ќе се преземаат мерки за посебен режим на сообраќај.

СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.