Советот на општината Куманово едногласно го прогласи утрешниот ден за ден на жалост и ги откажа сите активности и манифестации предвидени за утрешниот ден.

Седницата на Советот започна со едно минутно молчење, додека градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, изрази сочуство и вети подршка и помош за настраданите во Романовце.

Истрагата треба да ги открие причините за трагедијата и да излезат со точни информации. Користам прилика да изразам сочувство за двете семејства, бидејќи станува збор за случај каде наши сограѓани ги изгубија животите. Изразувам подршка за семејствата, а на повредените им посакувам да го надминат ова. Со сила им порачам дека сите ние кумановци, без разлика на национална и религиска припадност, сме со нив и ќе ги подржиме институционално и неиституционално и на секаков можен начин – изјави градоначалникот Димитриевски.

Сочуство изразија со кратки говори и другите координатори и советници од сите партии претставени во Советот на Општина Куманово.

Претседавачката на советот, Атина Мургашанска, во неофицијален разговор со новинарите, рече дека заради прогласените избори не може да се донесе одлука за директна финансиска помош, но ќе се најдат други алтернативи за помош на семејствата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.