Од 06:30 часот утрово во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Виница-Берово, кај Крслаџиски Мост.

Како што соопштија од АМСМ прекинот на сообраќајот е поради случена сообраќајна незгода.

Инаку, сообраќајот на државнита патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози.

Слаб снег кој не се задржува на коловозот префрла на П.Шапка, Маврово, Крушево и на планинските превои Стража,Плетвар и Пресека.

Од ЈП Македонија пат информираат дека дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.