Поради одрон на патот сообраќајот на патниот правец Демир Капија – Удово, на 2 километри пред Удово се одвива по една коловозна лента во должина од 15 метри.

Како што информира АМСМ, на самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Одрон има и на патниот правец Делчево – М.Каменица кај м.в. Бориштието, каде што сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 10 метри. И тука, на самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.