ЈП Водовод и канализација интервенирале на терен, на улицата „Никола Русински“ поради затната шахта.

На лице место, тие испумпале огромни количини неразградлив отпад, во кој имало и многу влажни марам;чиња, кои е познато дека не само што не се разградуваат, туку дури и впиваат вода и го зголемуваат својот волумен.

Но, освен тоа, извлечени биле и даски и шипки.

Утрово, екипите на секторот Канализација, на улицата Никола Русински работеа на чистење и отпушување на шахти запушени како резултат на влажни марамчиња, даски и шипки, односно неодговорно однесување на корисниците. Апелираме ваквото неодговорно однесување да запре за доброто на сите корисници, како и заштита на средината во која живееме. Опасноста од ваквото однесување не е закана само за канализацискиот систем, туку е и закана по животната среднина и здравјето на луѓето – велат од секторот Канализација.

ЈП Водовод и канализации апелираат граѓаните да не фрлаат во шахтите и одводите неразградлив отпад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.