Вечерва врне снег во Македонија.

Прогнозата на УХМР се оствари, па така имаме дожд на пониските делови од земјата, додека на повисоките места врне снег веќе неколку часа наназад.

Според видео камерите на „Skimacedonia“ се гледа дека снег врне во овој момент во Маврово, но и на Попова Шапка.

Снег врне и во Пониква, како и на Пелистер.

Од УХМР најавуваат дека снег ќе врне и во следните денови, особено за викендот и идната недела.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.