Невремето од дожд и ветер што попладнево го зафати неготинско, однесе повеќе покриви од куќи во Неготино, а паднати дрвја го блокираа патот Дуброво-Војшанци. Ова го потврди за МИА неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.

-Точно е, според првичните информации, без покрив останаа неколку куќи во населбата Саат кула и неколку во селото Тимјаник. Неготинските пожарникари и комунални работници, заедно со кавадаречки пожарникари кои ќе дојдат на помош, ќе ги сечат паднатите дрвја на неколку локации во општината, појасни Стојанов.

Тој рече дека заедно со претставници на стручни служби е на терен и се врши увид на местото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.