Нестабилно време со силен ветер, грмежи и пороен дожд попладнево беа зафатени центрлните и деловите кон североистокот од зејава. Од УХМР наведуваат дека бранот со нестабилност се прошири преку источниот дел од земјата, а нова нестабилност е појави во Пелагонија и се премести преку Мариово кон долниот тек на Повардарието.

За девет часа најмногу дожд е наврнат во Струмица 40 л/м2, Крива Паланка 26, Ѓуриште 25, Охрид, Скопје Петровец и Виница девет, Демир Капија осум, Битола и Прилеп шест, Претор пет, Пожаране четири, Тетово три, Штип два и еден во Скопје Зајчев Рид.

До крајот на времето времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Во вечерните и ноќните часови понекаде во западните подрачја ќе има услови за појава на дожд. Ветерот ќе намалува со интензитетот.

Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд ќе биде и утре. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 22 степени.

Помалку услови за појава на дожд ќе има утре во западните делови, а потоа до вторник ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и засилен ветер претежно од јужен правец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.