Поглаварот на Исламската Верска Заедница на Северна Македонија, Сулејман Реџепи еден ден пред Рамазан Бајрам, го честита празникот на сите муслимански верници.

Драги верници, почитуван умете, благодарноста што го дочекавме овој Бајрам во 2019 година, или поточно 1440 според Хиџретот, му припаѓа на Алах Џелешанеху возвишениот, творецот на световите. Нему му се молиме да го прифати нашиот пост во текот на изминатиот месец Рамазан. Семоќниот Алах бара од нас да сведочиме, и откога ќе посведочиме да ги извршиме останатите ибадети, а кое е најдоброто сведоштво во текот на Рамазанот – беше постот, најизразениот белег на тоа сведоштво, како и намазот и останантите ибадети.

Над сето тоа беше нашиот секојдневен однос према возвишенот Алах, кој што служи нашата поставена врска во еден толку благороден контекст, како што е Светиот месец , да прдолжи во текот на целата година. Јас сум сигурен дека нашиот верни к ке го стореше тоа со сето задоволство. Драги браќа и сестри дозволете ми при крај, не ни преостанува ништо друго освен да ви посакувам на сите вам и на целата наша дијаспора било каде да се наоѓа во светот, среќен Бајрам. Бидете среќни до судниот ден. Алах нека биде задоволен со сите нас“, вели Сулејман Реџепи, во видео пораката објавена на интернет страницата на ИВЗ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.