Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени. УВ-индексот ќе биде 8.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Во следните денови времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа засилен ветер од северен правец. Температурите ќе бидат во постепен пораст.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 18 степени, а максималната од 23 до 33 степени



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.