Под влијание на топол бран што ќе ја зафати нашата држава од денеска се очекува многу топло време со температури кои на повеќе места ќе го надминат 35-тиот степен.

За денеска, синоптичарите најавуваат температури над 30 степен, а веќе утре и задутре на повеќе места максималните температури ќе бидат над 35 степени. Од среда до петок во попладневните часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.

Поради најавите за топлотен бран, од Дирекцијата за заштита и спасување вчера апелираа да се почитуваат превентивните мерки за заштита од шумски пожари и други пожари на отворен простор. Се апелира до граѓаните да не фрлаат цигари и догорчиња, стаклен отпад и стаклени шишиња, да не се пали оган на отворен простор и во шума, како и да не се палат стрништа и меѓи. На граѓаните им се препорачува доколку забележат пожар, веднаш да ја известат Територијалната противпожарна единица на бесплатниот телефонски број 193.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.