До понеделник ќе се задржи стабилно и топло време, а во вторник ќе настапи промена на времето. Ќе има зголемена облачност со повремен дожд и ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови опаѓање на температурите во наредниот период.
На планините се очекуваат повремени врнежи од снег.

Прогноза за 25.03.2019
Минимална температура: 0°C до 7°C
Максимална температура: 17°С до 23°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност.

Прогноза за 26.03.2019
Минимална температура: 2°C до 7°C
Максимална температура: 10°C до 18°C
Ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд и ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе биде пониска за 5 до 8 степени.

Прогноза за 27.03.2019
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 7°C до 14°C
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд на пониските места, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.