Сончевото, топло време со темпратура над 20 степени ќе се задржи и за време на продолжениот викенд. Според УХМР, од понеделник вечер се очекуваат промени кои особено ќе бидат изразени во вторник за кога е најавено заладување, повремен дожд и снег на планините.

Утре ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната од 18 до 24 степени.  Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до еден, а максималната ќе достигне 22 степена.

-До недела времето ќе биде сончево и топло со пораст на дневната температура. Во понеделник кон крајот на денот ќе има локален дожд и услови за појава на грмежи. Значителна промена на времето се очекува во вторник, која ќе биде проследена со заладување, повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, информира УХМР

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.