Невреме проследено со поројни врнежи, силен ветер како и грмежи од вторник и тоа најпрвин од северен Балкан поточно од Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина па потоа преку Србија, Црна Гора и Албанија ќе пристигне и кај нас.

Поради судирот на две воздушни маси (многу топлата од југ и свежата од север) локално процесите ќе бидат интензивни со пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и појава на град кој локално има услови да биде и крупен.

Кај нас пак во среда доцна попладне и навечер како и во четврток облачноста ќе се зголеми и локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурите на воздухот пак до среда ќе бидат екстремно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 42 степени додека пад на истите и освежување ќе имаме во среда навечер и во текот на ноќта кон четврток за веќе во четврток попријатно да биде и преку денот кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 36 степени, освежувањето особено ќе се почувствува во северната половина од државава.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, исто така домашните уреди додека трае невремето да се исклучуваат од струја а исто така ивчарите своите овци да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.