Дваесетина возила со македонски регистарски таблички биле оштетени (искршени стакла, дупнати гуми, удрена каросерија…) во текот на изминативе два дена во Калитеа и Афитос, на првиот крак на полуостроивот Халкидики, Грција.

Оваа информација заедно со фотографиите е објавена и на фејсбук групата „Грција во живо“.

Ова е срамен чин на најобични будали, врз основа на кој цел еден народ ќе биде окарактеризиран како таков, коментираат на фејсбук групата.

Ако некој од вас е меѓу нив, веднаш појдете во полиција во Касандра, многумина веќе пријавиле и инсистирајте да ги погледнат камерите на целиот пат бидејќи тоа не се случило на едно место, туку на неколку локации, напиша еден од членовите на групата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.