Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. УВ индексот ќе биде 7, соопшти УХМР.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Во следните денови ќе има стабилизирање на времето со брз пораст на дневните температури, освен во вторник кога во попладневните часови се очекува локална нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.