Стручните лица од интервентите екипи на АД МЕПСО вложија натчовечки напори и успеаја по непрекината 16 часовна работа да го вклучат под напон 110 киловолтниот далекувод ТС Вруток – ТС Шпиље. И со тоа денеска во 4.15 часот да создадат услови за жителите на Дебар и неколку околни населени места да добијат снабдување со електрична енергија, информира МЕПСО.

Електро монтерите на МЕПСО минатата ноќ работеа во исклучително тешки временски услови на студено и врнежливо време проследено со силен ветар. Прекинот во снабдувањето со електрична енергија, предизвикан од невремето, беше регистриран вчера во 10.35 часот, соопшти МЕПСО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.