Исклучително силниот циклон Марко кој интензивно ја зафати нашата држава и услови интензивни снежни врнежи, покрај хаосот кој го направи низ целата наша држава, услови снежната покривка на Пелистер да ја искачи на висина од два до три метри.

Ете вака изгледаше Пелистер по налетот на силниот циклон Марко.

Според најновите информации пак кој ги добивме од АМСМ, забраните за товарни возила низ планинските превои се насекаде укинати.

Што се однесува пад до временската состојба, следува краткотајна стабилизација на времето за веќе од понеделник кон крајот на денот и навечер да подпаднеме под влијание на нов влажен бран кој ќе услови нови врнежи од дожд и од снег.

Инаку снежната покривка на високите и планинските места како што се Стража но и Попова Шапка снежната покривка изнесува и над 100 сантиметри, инаку пак досега најмногу воден талог воден талог има наврнато на југ и на југоисток од државава и тоа до околу 100 л/м2 како што е на пример Демир Капија.

Ваквата ситуација понатаму ќе услови покачување на нивоата на реките и на езерата во државава, на некој од реките има услови и за нивно излевање.

Поради ниските температури кој се очекуваат во следните часови ќе има појава на голомразица па така на граѓаните ги преупредуваме да внимаваат каде и како се движат, крајна претпазливост и на возачите, особено доколку се движат низ планинските превои.

Подготви: Славчо Попоски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.