На Балканскиот регион се очекуваат топлотни бранови и на почетокот на есен, а потоа тие ќе бидат заменети со голема опасност од поплави во ноември, се наведува во големата прогноза за 2021-ва година, која ја објавил сајтот “AccyWeather”.

Со температура на површината на морето за околу 2-5 степени Целзиусови над нормалата, се создава доволно енергија за одржување на тропските обележја кои се движат низ Европа, наведуваат синоптичарите од овој сервис.

Затоа се очекува дека еден до три тропски удари ќе дојдат во Европа во наредните месеци, рекол членот на тимот за меѓународно прогнозирање, Тајлер Ројс.

Ројс наведува дека тропските бури би можеле да го преживеат патот преку Атлантскиот океан и дојдат до континентот. Во првата половина на есента најверојатно ќе дојде тропски систем во Ирска, Северна Ирска, Шкотска, Велс и Северна Англија. Како олујниот траг ќе се поместува кон југ до крајот на октомври и ноември, таа закана исто така ќе се префрли на југ, во северозападна Шпанија и Португалија.

Кон средината на август температурите на површината на морето во источен Медитеран биле за 3-4 степени над нормалните, објаснуваат метеоролозите. Периодите на обилни дождови може да се прошират и на југот на Италија и на Балканот, посебно кон крајот на октомври и ноември.

Се очекува дека интензивните летни горештини ќе се задржат во јужна Италија и на Балканот, посебно на почетокот на есента, наведуваат експертите од “AccuWeather”.

Светската метеоролошка организација го дефинира топлотниот бран како пет или повеќе денови со просечни температури за најмалку 5 степени Целзиусови над нормалата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.