Времето денеска ќе биде сончево и натпросечно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 42 степена. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен правец. Максималната температура ќе достигне до 38 степени.

До четврток ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури. В четврток попладне и в петок се очекува дестабилизација која ќе услови локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. В петок температурата дополнително ќе се намали, соопштува УХМР..

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.