Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југозападен правец. Во попладневните и ноќните часови ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со пообилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 80 км/час) и услови за појава на град.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 24, а максималната ќе достигне од 35 до 43 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе достигне до 40 степени.

Во петок ќе преовладува променливо облачно и посвежо време, претпладне со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од северозападен правец. Потоа следува период на стабилно време. Во петок и сабота дневните температури ќе бидат за 4 до 5 степени пониски од утрешните, а од недела се очекува благ пораст на дневните температури.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.