Метеоролошкиот сервис Аку Ведер ја објави временската прогноза за цела Европа за летото што доаѓа. Како што најавуваат, на поголемиот дел од Европа му се закануваат опасни топлински бранови, додека во Југоисточна Европа се очекуваат силни невремиња.

Иако делови од Балканот нема да бидат имуни на топлинските бранови, екстремната жештина ќе биде ограничена – пишува Аку Ведер.

Додека поголемиот дел од Европа ќе биде под удар на сушно време и топлински бранови, на поголемиот дел од Југоисточна Европа му се закануваат силни невремиња со грмотевици. Силните невремиња се очекуваат најмногу во попладневните и вечерните часови. Најголема опасност ќе донесат орканските ветрови и поплавите. Топлотниот бран ќе биде подолг отколку минатото лето.

Во Македонија првата половина од јуни времето ќе биде претежно облачно со сончеви периоди и можни врнежи во попладневните часови.

Повисоки температури се очекуваат во втората половина на месецот, а високи температури ќе се задржат до крајот на јули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.