Пејачот Драган Темелков кој често настапува по скопските ноќни клубови го осуди затворањето на дискотеката Привилиџ, бидејќи како што вели тој, од неа живееле 50 фамилии.

Еве вака другари, 5 дена ги слушаме “експертите”на фб “од секоја област”каква била вистината и кој бил виновен околу убиството на младиот ракометар од Хрватска, не мислејќи со тие тиквите нивни дека тој дечко има фамилија и не оставајќи надлежните да си ја вршат својата работа. Притоа осудувајќи и судејќи и замислите посочуваат и виновник, спомнувајки вратари и дискотеката пред која се случи немилиот настан, не помислувајќи дека во тоа диско работат 50 луѓе и ранат 50 фамилии!! Еве го затворија диското и ради вас останаа многу фамилии без леб и сега поубаво ли ќе спиете??? Има видео од кое се гледа 90% што се случува!!!, напиша Темелков на Фејсбук.

Како што тврди тој, убиениот ракометар Тот и осомничените за убиството влегле заедно во такси и се скарале, бидејќи, како што вели тој, не ги собира сите петорица.

Ракометарот и обвинетите доаѓаат, заедно седат заедно на сепаре и си одат од КЛУБОТ заедно, влегуваат во такси и во таксито се караат-односно причината за кавгата е што не ги собира сите 5 во таксито, случката се случува 15 мин. пред затварање на клубот каде што самите вратари се внатре и не се присутни надвор пред клубот! Вратарите немаат надлежност да решаваат проблеми на улица и во такси!!!, напиша Драган Темелков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.