Метеоролошкиот сервис AccuWeather објави долгорочна прогноза за зимата која доаѓа.
Додека за подрачјето на Велика Британија, Скандинавија и остатокот од Северна Европа се очекуваат силни бури на почетокот на зимата, се чини дека зимата на Балканот ќе биде блага – без силни температурни осцилации, а ќе изостанат и големите количини врнежи.

Додека во поголемиот дел на Европа ќе има многу бури, снег и продор на студени бранови, на Балканскиот полуостров се очекува прилично мирна зима.

„Ќе има бури, но нема да бидат толку изразени како минатата година“, прогнозира метеорологот Џејсон Николс. Наместо тоа, бурите ќе се појавуваат помеѓу долготрајните сушни периоди.

Овој регион може да има долги суви и топли периоди, пропследени со бури кои ќе траат една недела, а потоа ќе се враќа сувотот време од две до три недели, рекол метеорологот Тајлер Ројс.

На Јадранот не се очекувааат силни бури, предвидуваат метеоролозите на AccuWeather.

Тоа ќе придонесе да има слаба снежна сезона на планините, додава Ројс.

Најостра зима ќе ја зафати источна Европа и источна Скандинавија. Почетокот на зимата нема да биде обележан со продор на силни и изразени студени бранови, но тоа може да се случи кон крајот на зимата.

Може да видиме неколку кратки студени бранови во декември, но вистинскиот студ нема да се случи се до крајот на сеозната, вели Ројс.

Најмногу снег и голем студ се очекува кон крајот на декември и почетокот на јануари на подрачјето на Финска до Украина. Се очекува големите количини снег на тоа подрачје да се задржат се до крајот на февруари. Студениот бран кој од таму ќе дојде во Европа може кон крајот на зимата да зафати и делови на Полска, Словачка и Романија.

Активен почеток на сезоната со силни ветрови се предвидува за британските острови, северна Европа и Скандинавија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.