Се до среда нашата територија ќе остане пов влијание на многу топла воздушна маса која продира од југ па така најголем дел ќе биде во портокалова опасна фаза на предупредување поради екстремно високите температури како и многу високиот УВ индекс кој се очекува, вели Славчо Попоски.

Потоа во среда доцна попладне и навечер како и во текот на ноќта кон четврток како и во четврток поради судар на две воздушни маси (многу топлата од југ и посвежата од север) се очекува локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, исто така локално поради загреаната енергија не се исклучува процесите да бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со силен ветер како и со услови за појава на град. Исто така во ваква ситуација се очекуваат и силни електрични празнења.

Температурите на воздухот од среда навечер ќе бележат тенденција на пад и во четврток преку денот ќе биде попријатно кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени што значи граѓаните конечно ќе можат малку да здувнат од пеколните температури на воздухот кој ја зафатија државава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.