Дојранско и Охридско Езеро пораснаа за еден сантиметар по последните врнежи од дожд, покажаа последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Нивото на Преспанско Езеро остана непроменето.

Кај Дојранско Езеро водостојот е за 2,74 метри повисок од вообичаениот за декември, додека кај другите две природни езера е понизок од просечниот.

Повисок водостој од просечниот има и Вардар на мерните места Јегуновце, Скопје и Демир Капија, а во Велес е понизок. Кај другите реки во земјава нивото е пониско од повеќегодишниот просек за овој месец, иако кај најголем дел од нив има благо зголемување во однос на вчера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.