Во деновите кога Охрид го живее шпицот на туристичката сезона и кога во градот на разни локации се одржуваат разни музички, културни и други збиднувања, екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец“ се максимално ангажирани 24 часа со сите свои технички и човечки ресурси.

Покрај тековните активности околу подигувањето на сметот и одржувањето на јавната чистота и зеленило, се справуваме и со мега концертите во поранешната касарна и на стадионот „Билјанини Извори“. Зголемена е динамиката на подигнување на сметот од хотелските комплекси, плажите и рестораните. Но голем проблем ни создаваат групи од млади луѓе кои се забавуваат на мини-плоштади, дворови од образовни институции, на тревниците во градскиот парк и уште на многу други локации низ градот, притоа оставајќи ја зад себе сета своја комунална некултура . За жал прекрасниот амбиент на древниот Охрид кој плени со својата автентичност и природна убавина се уништува во глетката од расфрлени шишиња, отпадоци од храна и цигари. Крајно време е да проработи еко-свеста кај младите генерации и ова прекрасно езеро и град да го зачуваме за идните генерации, информираат од јавното претпријатие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.