Од утре во вечерните часови под влијание на нов влажен бран ќе започнат врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во понеделник во текот на денот и во вторник претпладне (локално над 30 л/м2), најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Врнежи од снег ќе има најпрво на планините, каде снежната покривка значително ќе се зголеми, а од понеделник попладне и на некои повисоки места. Во понеделник во источните делови ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Во Скопската Котлина ќе биде облачно со врнежи од дожд, пообилни врнежи ќе има во понеделник попладне и во вторник претпладне.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.