Утре попладне, почнувајќи од запад и север облачноста ќе се зголемува и вечерта, преку ноќта, како и во вторник до средината на денот ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

На планините и на некои повисоки места особено на запад врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе бидат во значително опаѓање.

Од среда времето ќе биде променливо облачно со благ пораст на температурата, а во четврток со услови за слаби локални врнежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.