УХМР за утре најавува дожд, локално пороен, грмежи и засилен ветер со брзина од над 60 километри на час.

Врнежите се очекува да бидат пообилни во југоисточните делови и да достигнат над 35 литри на метар квадратен.

Утринските температури ќе се движат од шест до 14 степени, а дневните од 10 до 16 степени.

Потоа, во текот на неделата, следува период на променливо облачно време со магла по одделни котлини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.