Од утре, па за време на викендот нашата територија ќе биде под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса која ќе биде во склоп со циклонот ВИКТОРИЈА и ќе условува развој на нестабилна облачност и тоа особено во попладневните часови.

Истата ќе биде проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Најмногу нестабилност и врнежи ќе има во сабота и тоа во најголем дел од денот и на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат ПОНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд (над 20 л/м2), силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.