Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Минималната температура се движи од 9 до 18, а максималната ќе биде од 28 до 35 степени Целзиусови.

Во Скопје и околината претежно сончево и топло, со слаб до умерен северен ветер.

Минималната температура се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степени.

Во наредните денови до среда ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

В четврток се очекува развој на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.